Инспекторите од Ѓорче Петров детектираа двајца кои палеле гуми и пластика и истите се казнети со по 50 евра

Битката со несовесните граѓани кои палат оган на отворено продолжува. Општината ги изрече првите мандатни  казни. Инспекторите детектираа двајца кои палеле гуми и пластика и истите се казнети со по 50 евра.

Инспекторите изрекоа и една казна во делот на депонирање на отпад покрај контејнери во висина од 50 евра како и една казна за продавање на земјоделски производи на јавна површина. Паралелно се работи на лоцирање на хаварисани возила,опменати се 34 возила, по истекот на рокот истите ќе бидат отстранети.

Задача на институциите е да работат одговорно и посветено, но и граѓаните треба да бидат активни учесници во решавање на аерозагадувањето. Обезбедување на здрава животна средина ни е врвен приоритет. Целта не ни е да казнуваме, но здравјето нема цена!

cheap nike air max 90