Инспекторите на Општина Бутел стопирале дивоградба во Буринарец - Костовски порача дека нема да има толеранција за никого

Од страна на градежната инспекција на Општина Бутел денес била стопирана градбата на бесправно започнат објект во населеното место Буринарец, информираше градоначалникот Дарко Костовски.

Како што посочи Костовски во објавата на Фејсбук, градежната инспекција изготвила решение со кое се наложува во рок од 7 дена бесправниот објект да биде отстранет од страна на сопствениците. Доколку тоа не биде направено во предвидениот рок, објектот ќе биде срушен од страна на општината, а против сопствениците ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

„Апелирам до сите граѓани да не се обидуваат да градат без одобрение за градба. Нема да има толеранција за никого, законот важи подеднакво за сите“, порача градоначалникот.