Инспектори и повисоки казни недостасуваат во борбата со загадувањето

Повеќе инспектори, повеќе казни, ова е клучно за успешно справување на надлежните против загадувањето. Освен тоа потребно е и поголем број, минимум 10 нови акредитирани лаборатории во земјава, вели пратеничката Лилјана Поповска.

Итно да се засилат инспекторските и полициските контроли на терен, особено на познатите локации каде што се палат диви депонии,  бараат активистите за заштитна на животната средина.

Директораката на Инспекторатот за животна средина пак уверува дека инспекциските контроли се спроведуваат редовно. За три недели имале 95 редовни ии 35 вонредни надзори.

Со цел полесно да се детектираат потенцијалните загадувачи  ќе биде изработена и мапа на градови, преку која од една страна ќе им се олесни работата на инспекторите.