Инспекторатот на Град Скопје со нова платформа

Погледнете ја најновата платформа на Инспекторатот на Град Скопје, која овозможува лесен пристап до отворени податоци од три од неговите одделенија.

Од Град Скопје објаснуваат како се користи алатката за отворени податоци на Секторот – Инспекторатот на Град Скопје.

-При првото вчитување автоматски е направено алатката да ги прикажува сите податоци акумулирани од истражувањето. Податоците кои се досега внесени се за одреден временски период и број на вработени. Можете да одберете сегменти од понудените графици и визуелни елементи со селектирање, по што ќе се генерира дополнителен приказ и филтер согласно со изборот-потенцираат градските власти.