ИНСПЕKЦИЈА ВО KАРПОШ: Сервиси за миење возила горат отпад

Горење на отпаден материјал, кој е загадувач на воздухот и животната средина, е констатирано при инспекцискиот увид во 35 правни субјекти, потенцијални загадувачи на воздухот и на животната средина, на територијата на општината Kарпош во текот на завчерашниот ден.

Увидот е извршен од комуналната инспекција на Општина Kарпош со овластениот инспектор за животна средина и комуналните редари.Општинските власти информираат дека станува збор за фирми со седиште на територијата на Kарпош, со овластениот инспектор за животна средина и комуналните редари.

Општинските власти информираат дека станува збор за фирми со седиште на територијата на Kарпош, кои вршат различни дејности, како: автомеханичарски услуги, вулканизери, сервиси за миење возила и отпади за складирање секундарни суровини.

Во согласност со законските прописи, Општината ги презела сите мерки и случајот е проследен во Државниот инспекторат за животна средина.