
Еден од двајцата скппјани за кои Министерството за внатрешни работи синоќа извести дека биле приведени поради манипулирање со регистарските ознаки против „Безбеден град“, на своето возило „мерцедес“ со маркер направил прмена на бројот 9 во 8, со цел да избегне законска одговорност.
Две лица се лишени од слобода во Скопје поради основано сомнение за прикривање на регистарските ознаки на возилата што ги управувале, соопшти Министерството за внатрешни работи. Акцијата била спроведена во ноќта меѓу 13 и 14 февруари, во периодот од 19:00 до 03:00 часот, на подрачјето на Центар и Бит Пазар.
Лишени од слобода се С.С. и М.А., кои управувале патнички возила „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Кај нив е утврдено основано сомнение за сторено кривично дело по наведените членови од Кривичниот законик.