Инкасатор од Водовод нападнат од куче на улица во Радишани

Во текот на вчерашниот ден, во полициската станица Чаир, вработен во „Водовод и канализација“ пријавил дека на улица „46“ во село Радишани бил нападнат од куче додека извршувал работни задачи, односно отчитувал водомер.

Како што информира МВР, инкасаторот изјавил дека кучето го каснало повеќе пати во пределот на десната нога. За време на случката бил присутен и сопственикот на кучето, кое било без ланец и заштитна маска.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.