Иницијативата „Го сакам Водно“ трет ден е пред градежната механизација на трасата

Иницијативата „Го сакам Водно“ трет ден е пред градежната механизација на трасата на која што е проектирано да поминува државниот гасовод.

Неколку активисти практично живеат на врвот на Водно за да не дозволат механизацијата да продолжи да ја уништува природата.

Екологистите ги повикуваат сите загрижени граѓани да им се придружат, контактирајќи ги на нивната фан страна на Facebook.