Граѓанската иницијатива „Во одбрана на Буњаковец“ на нивната Фејсбук страница објавија дека на улицата „Владимир Полежиновски“ има црно куче кое досега нападнало повеќе случајни минувачи. Апелираат до надлежните институции да се преземе нешто во врска со ова и посочуваат дека нареден пат истото тоа куче би можело да нападне бебе или мало дете.
„На барање на сограѓаните, апелираме до надлежните да се погрижат за црното куче што држи територија на улица „Владимир Полежиновски“ пред број 23А - карши аптеката „Бета Фармација“ и КСЦ, во близина на ДОЛАП. Кучето е крволочно и веќе има нападнато неколку луѓе, кои ни испратија фотографии од касањата.
Дали треба да чекаме истото да го направи на некое бебе или мало дете, кое можеби и нема да преживее?
По нападите е пријавено во Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и во ЈП ЛАЈКА - Скопје и никому ништо. Од Лајка наводно рекле дека не може да ја најдат адресата. Апелираме до Град Скопје како одговорни за кучињата и исплаќачи на оштета - ако нападнатите преживеат. Апелираме и до Општина Центар - Скопје, ЈП Паркинзи на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски, подобро да спречите отколку да се лечи.
Токму вашите деца може да поминуваат од овде! Ќе оставите да бидат искасани“ се вели во нивната објава.