Инфраструктурно поврзување на „Теодосиј Гологанов“ со „Прашка“

Екипи на Јавното Претпријатие „Улици и патишта“, кои ги ангажираше Општина Карпош денеска асфалтираа дел од новопроектирана улица која ќе ги поврзува бул. „Теодосиј Гологанов“ и ул. „Прашка“.

Во првата фаза се асфалтираат 30 метри одколовозот , додека преостанатиот дел ќе се доасфалтира во иднина. Оваа улица ќе биде поврзувачка улица помеѓу главната градска сообраќајна артерија „ Теодосиј Гологанов“ со ул„ Прашка“ во населбата Тафталиџе.