Информативната табла во Градски парк откорната лежи на земја

Повторно настрада урбаната опрема во Градски парк. Пред неколку недели беа деформирани металните печурки кои беа украс и еден вид скулптури кои ги радуваа најмладите сега турната е информативната дрвена табла на почетокот на паркот.

Вандализмот никако да запре па очигледно во налетот на деструктивната моќ на поединци и групи настрадале и корпите за отпадоци кои се речиси сите искривени и оштетени. 

Останува надлежните да превземат мерки со цел поправка на оштетеното но и превентивни дејанија да се заштити јавното добро.