Информација за Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2018/2019 година

За целосен опфат на сите ученици кои завршија основно образование во учебната 2017/2018 година со Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2018/2019 година, обезбедени се доволен број на слободни места и тоа: 24 915 на македонски наставен јазик, 10 020 на албански наставен јазик, 952 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик, односно вкупно 35 921 ученички места во сите јавни средни училишта во Република Македонија.


Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците се реализираше на 18 и 19 јуни 2018 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места се објавени на 20 јуни 2018 година.

Квалификационото тестирање ќе се реализира на 22 јуни 2018 година во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје (за образовниот профил медицинска сестра од здравствена струка на македонски наставен јазик) и во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование. Училиштата во кои ќе се реализира квалификационо тестирање, конечните ранг листи ќе ги објават на 25 јуни 2018 година.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.

Училиштата за второто пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 25 јуни 2018 година за второто пријавување.

Намалување на поените нема да има во гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

За учениците од деветто одделение кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, се организира втор уписен рок во месец август, во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 23 август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на 24 август 2018 година.

Од доставените прегледи на јавните средни училишта за бројот на пријавени и запишани ученици во првото пријавување, како и бројот на слободни места за второто пријавување добиени се следните податоци:

Во првото пријавување вкупно се пријавија 17 590 ученици од кои:

  • 12872 ученици за настава на македонски наставен јазик,
  • 4433 ученици за настава на албански наставен јазик,
  • 266 ученици за настава на турски наставен јазик и 19 повторувачи.

По првото пријавување вкупно се запишаа 11 697 ученици од кои:

  • 9167 ученици за настава на македонски наставен јазик,
  • 2401 ученици за настава на албански наставен јазик,
  • 110 ученици за настава на турски наставен јазик и 19 повторувачи.

Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно:

4873 ученик во гимназиско образование од кои:

3886 ученици на македонски наставен јазик,

931 ученици на албански наставен јазик,

56 ученици на турски наставен јазик.

6462 ученици во стручно образование од кои:

4959 ученици на македонски наставен јазик,

1430 ученици на албански наставен јазик,

54 ученици на турски наставен јазик и 19 повторувачи.

208 ученици во Спортска академија од кои:

200 ученици на македонски наставен јазик,

8 ученици на албански наставен јазик.

154 ученици во спортска гимназија од кои:

122 ученици на македонски наставен јазик,

32 ученици на албански наставен јазик.

Слободни места за второто пријавување има за вкупно 24 086 ученици од кои:

15 626 слободно место за настава на македонски наставен јазик,

7 522 слободни места за настава на албански наставен јазик,

874 слободни места за настава на турски наставен јазик,

34 слободни места на српски наставен јазик и

30 слободни места за повторувачи.

Слободни места по вид на образование за второ пријавување има:

Во гимназиско образование 6 068 слободни места од кои:

3 422 за ученици на македонски наставен јазик,

2 259 за ученик на албански наставен јазик,

350 за ученици на турски наставен јазик,

34 за ученици на српски наставен јазик и

3 за повторувачи.

Во стручно образование 17 900 слободни места од кои:

12122 за ученици на македонски наставен јазик,

5 227 за ученици на албански наставен јазик,

524 за ученици на турски наставен јазик и

27 за повторувачи.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во:

СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Град Скопје (на македонски наставен јазик);

СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Град Скопје;

СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Град Скопје;

СУГС „Георги Димитров“ – Град Скопје;

СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ – Град Скопје и

СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за здравствена струка во:

СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, за сите образовни профили на македонски наставен јазик и албански наставен јазик, освен за образовниот профил болничар-негувател на македонски наставен јазик и албански наставен јазик;

ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола, за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;

СОУ„Наце Буѓони“ – Куманово за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик;

СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп за образовниот профил: медицинска сестра, физиотерапевтски техничар и фармацевтски лабораториски техничар во паралелките на македонски наставен јазик;

СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;

СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;

СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, за образовниот профил медицинска сестра, фармацевтски лабораториски техничар и физиотерапевтски техничар во паралелките на македонски наставен јазик

СОМУ „Никола Штејн“ – Тетово, за образовниот профил болничар-негувател на македонски наставен јазик и албански наставен јазик;

СОУ „Јане Сандански“ – Штип, за образовниот профил болничар-негувател на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за економско – правна и трговска струка во:

СУГС „Цветан Димов“ – Скопје, за образовниот профил продавач во паралелките на албански наставен јазик;

Конкурсот за запишување ученици е завршен за угостителско – туристичка струка во:

СУГС „Коле Нехтенин“ – Штип, за образовниот профил келнер – готвач во паралелките на македонски наставен јазик;

Конкурсот за запишување ученици е завршен за лични услуги во:

СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје, за образовниот профил фризер во паралелките на албански наставен јазик;

СОМУ „Никола Штејн“ – Тетово, за образовниот профил козметички техничар во паралелките на албански наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за електротехничка струка во:

СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;

ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;

СОУ „Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за машинска струка во:

СОУ „Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил автотехничар – мехатроничар во паралелките на македонски наставен јазик.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.