Инфо ден на македонскиот МЕДИА Деск

Во рамки на Скопскиот филмски фестивал, денеска во кино „Фросина“ ќе се одржи првиот Инфо ден на македонскиот МЕДИА Деск. Ќе бидат претставени и повиците во рамки на потпрограмата МЕДИА, како и роковите за аплицирање.

Република Македонија официјално пристапи во потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа во јули 2015 година, а канцеларијата на МЕДИА почна со работа при Агенцијата за филм на Република Македонија во април годинава.

Целта на Канцеларијата за потпрограмата МЕДИА е да ги информира и да им дава поддршка на македонските филмски работници и други заинтересирани страни при изготвување на нивните апликации за конкурси, објавени од страна на оваа потпрограма.