
Во синоќешната дебата во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ дебатираа министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, со Ангел Димитров претседател на Организацијата на работодавачи и Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати.
Во рамки на дебатата, Ангел Димитров кој е претседател на Организацијата на работодавачи истакна дека е познат фактот дека минималната плата никогаш не треба да се гледа како номинален износ и да се споредува во нето или бруто со друга држава, бидејќи државите се наоѓаат во различен степен на економски развој.
Тој наведе дека, ако се качи платата по барањата на ССМ тогаш тоа би предизвикало негативни последици на економијата во државата.
„Кои се негативните последици ако минималната плата отиде на повисоко ниво? Прво оние компании кои работат на домашен пазар и немаат голема конкуренција наједноставно ќе мора да ги качат цените на нивните производи или услуги што ќе влијае на инфлацијата. Оние компании кои работат за странски пазари што не можат да ги качат цените како што тие сакаат, бидејќи странецот нема да ги прифати тие трошоци ќе има две можности – да ги качат најниските плати додека да не ги качи другите плати и ќе се создаде демотивираност и дополнително ќе влијае на падот на продуктивноста. И оние компании кои нема да можат да го издржат покачувањето поради конкуретската способност ќе мора да го намалат бројот на работници и на крај да ги затворат компаниите“, изјави Ангелов.