Инфектологот Ана Глигиќ oчекува вирусот да почне да слабее и новата година да ја пречекаме понормално

Јас очекувам дека бројката на заразени ќе расте до 15 декември и потоа ќе почне да паѓа. Исто така очекувам дека во 2021 година вирусот ќе биде поразен и ќе живееме нормално и се надевам дека новата година ќе ја пречакаме понормално и дека ќе може малку да се дружиме. Ова во интервју за емисијата на Васко Ефтов го вели познатиот српски доктор и инфектолог Ана Глигиќ.

Ана истакнува дека вирусот брзо се суши и наоѓа пат и преку очите и носот влегува во човекот.

Маските го спречуваат вирусот додека кашламе, зборуваме и пееме. Маските имаат таков дијаметар на пропусливост, така да вирусот може тешко да помине, посочуваа таа во интервјуто. 

Таа истакнува дека маските не треба да се користат повеќе од еднаш, бидејќ и вирусот се задржува на маските и при повторната употреба на маската тој може да биде причина на зараза на човекот.  Кога еднаш ќе ја тргнете, не ја употребувајте повторно маската, но е скапо, заклучува Глигиќ.