Индира Кастратовиќ влегува во куќата на славните на ЕХФ

Втора година по ред, Европската ракометна федерација ќе им оддаде почит на најдобрите играчи на сезоната 2023/24, а со тоа и на легендите на играта. Воведувањето во Куќата на славните ќе се одржи на 14 декември, во предвечерјето на финалето на ЕХФ ЕУРО 2024 за жени, и се поканети повеќе од 500 гости да присуствуваат на настанот.

Во куќата на славните ќе влезат 21 играч, седум од женската и 14 од машката страна поради нивните извонредни достигнувања на и надвор од теренот и нивниот севкупен придонес во европскиот ракомет. Меѓу нив се најде и поранешната македонска репрезентативка Индира Кастратовиќ.

Листата ја промовираше првиот човек на Европскиот ракомет, Михаел Видерер. Покрај Кастратовиќ, во куќата на славните влегуваат и Луминица Хутупан Дину. Меѓу оние кои ќе го добијат ова престижно признание се уште Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Ања Андерсен, Љубомир Врањеш, Анди Шмит, Стафан Олсон, Марта Манге, Лик Абало, Иван Чупиќ, Дејан Периќ, Игор Вори и Виран Морос.