Индијанскиот етички кодекс

БИДИ ТОЛЕРАНТЕН кон оние кои се изгубиле на својот пат. Незнаењето, лутината, љубомората и алчноста излегуваат од изгубените души. Моли се за нив за да пронајдат водство.

БАРАЈ СЕ СЕБЕ, НИЗ СЕБЕ. Не дозволувај другите да управуваат со твојот пат. Тоа е твој пат и само твој. Другите можат да одат со тебе, но никој не може да оди наместо тебе.

ПОЧИТУВАЈ ГИ ТУЃИТЕ МИСЛЕЊА, ЖЕЛБИ И ЗБОРОВИ. Никогаш не прекинувај нечиј говор, не приговарај и не го изразувај тоа со мимики. Дозволи му го правото на секој човек слободно да се изразува.

ДЕЦАТА СЕ СЕМЕТО НА ИДНИНАТА. Сади ја љубовта во нивните срца и поливај ги со мудрост и животни лекции. Додека растат, остави им простор да растат.

ИЗБЕГНУВАЈ ГО РАНУВАЊЕТО НА ТУЃИТЕ СРЦА. Отровот ќе се врати во тебе.

НАЈПРВО БИДИ ИСКРЕН КОН СЕБЕ. Не можеш да бидеш внимателен и да им помогнеш на другите ако не си внимателен кон себе и најпрво не си помогнеш себеси.

НОСИ СВЕСНИ ОДЛУКИ, како што ќе бидам и каков ќе бидам, како ќе делувам и носи се со своите дела. Биди одговорен за своите дела.

НИКОГАШ НЕ ГОВОРИ ЛОШО ЗА ДРУГИТЕ. Негативната енергија која ја изнесуваш надвор, секогаш повеќекратно ќе ти се врати назад.

ДРЖИ СЕ СЕБЕ ВО РАМНОТЕЖА. Твоето духовно Јас, Умствено Јас, Емоционално Јас, Телесно Јас. Сите овие треба да бидат поеднакво силни, чисти и здрави. Зацврстувај го телото за да го зацврстиш умот. Поттикнувај ја духовноста за да ги излечиш емотивните рани.

БИДИ ИСКРЕН – секогаш. Искреноста е испит на наследството и доследноста во овој универзумот.