Индијанска мудрост: Љубовта е единствената енергија што нè поврзува со душите на другите

 

Со љубовта што им ја даваме на другите и ја добиваме од нив, никогаш нема да мораме да се збогуваме со нив, бидејќи нашата љубов е вечна и вечно ќе живее во нашата душа.

Кога нашето тело ќе се врати во рацете на љубовта на Мајката Земја и кога нашиот дух ќе се издигне кон Небесниот Отец, оваа љубов во нашата душа ќе нè одведе до нашите најблиски кои поминале пред нас.

Љубовта е единствената енергија што нè поврзува со душите на другите. Тоа може да бидат луѓе, животни или било што во кое живее духот. Ако постои љубов таа никогаш нема да се одвои од нас.

„Првите нации немаат збор за збогување на својот јазик, но нашите предци нè научија да зборуваме со нашите најблиски - додека не бидеме повторно заедно, во овој или во другиот живот.

Нашата љубов вечно живее во нашиот дух.“

Џозеф „Белиот орел“