Низа напади во Скопје пријавени во полиција.
- Денеска (06.02.2025) во 06.30 часот во СВР Скопје, К.Ц.(29) од Скопје пријавила дека во 04.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице.
- Денеска (06.02.2025) во 09.10 часот во СВР Скопје, А.Ш.(46) од Скопје пријавил дека на 12.12.2024 околу 17.10 часот во село Долно Лисиче, скопско, бил физички нападнат од Д.С..
- На 05.02.2025 во 12.35 часот во СВР Скопје, Д.К.(23) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи, по претходно недоразбирање околу паркирање на возило, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- На 05.02.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, Ј.Х.(36) од Скопје пријавил дека околу 17.45 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговиот сосед А.И.(34) од Скопје.
- На 05.02.2025 во 12.20 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Велес пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од поранешниот партнер И.„Н“.
Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на сите одделни случаи.