Инцидент во Тетово: 23-годишник пренесен во болница со повреди од нож

Млад тетовец завшрил со тешки повреди откако бил повреден со нож од страна на 18-годишен сограѓанин. 

- На 05.03.2026 во 19:25 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Д.А.(18) од Тетово. Тој се сомничи дека претходно, по кратка расправија на улица „173“ во Тетово, со остар предмет нанел тешки телесни повреди на С.Л.(23) од Тетово, констатирани во Клинички центар Тетово, информираа од тетовската полиција. 

Лицето е задржано во полициска станица, а увид извршила екипа од СВР Тетово.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.