Инцидент во скопско училиште: Наставник нападнал ученик

Наставник нападнал ученик во скопско училиште. 

- На 11.11.2024 во 09.50 часот во СВР Скопје, С.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 08.30 часот, неговиот малолетен син додека бил на час во основното училиште во Скопје во кое учел, бил физички нападнат од наставникот, соопштија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.