Поранешен сопруг со огнено оружје ѝ се заканувал на сопругата, покрај тоа што физички ја нападнал. Случајот е пријавен во полиција.
- На 09.11.2024 во 01.35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека на 08.11.2024 околу 20.00 часот на подрачјето на Скопје-Север била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Б.И., кој и се заканувал и со огнено оружје, информираа од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.