Инцидент во Шутка: Закани и навреди меѓу Курто Дудуш и инспектор од Град Скопје

Инцидент во скопско Шуто Оризари. Имало вербална расправија и закани меѓу градоначалникот на општината и инспектор од Град Скопје. 

- Вчера околу 10.30 часот З.Г., инспектор во град Скопје, пријавил во СВР Скопје дека на ул.2бб во близина на дива депонија, при вршење на службени дејствија за вршење на надзор и подигање на мостри, дошле две лица и еден од нив (К.Д. - градоначалник на Шуто Оризари) почнал да ги навредува него и неговите колеги и да им се заканува и го попречувал земањето на мостри, известија од полицијата. 

Во полиција пријава стигнала и од Курто Дудуш. 

- Вчера во 13.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, К.Д.(50) од Скопје – градоначалник на Шуто Оризари, пријавил дека за време на инспекциски надзор на отпад од страна на вработени во град Скопје, кој бил сместен на неговиот имот на подрачјето на Шуто Оризари, Ф.С.(47) од Скопје, вработен во град Скопје, му упатувал закани.

Се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата.