Инцидент во основно училиште: Ученик физички нападнал врсничка во училница, девојчето завршило во Ургентен

Тринаесет годишен ученик вчера физички нападнал негова врсничка, информираат денес од МВР.

Како што е наведено во полицискиот билтен, инцидентот се случил во кабинет по ликовна уметност во oсновното училиште “Кочо Рацин“ во Скопје.

На девојчето по нападот му било укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје.

Од МВР посочуваат дека по преземени мерки, настанот е расчистен и ќе бидат поднесени  соодветни поднесоци.