Инцидент во Марино: Двајца браќа се степале поради недоразбирање

Синоќа се случил инцидент во скопското село Марино.

- На 27.02.2023 во 23.05 часот било пријавено дека во с.Марино, скопско, по претходни недоразбирања, Д.Т.(35) бил физички нападнат од неговиот брат А.Т.(38), информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.