Инцидент во Кратово: Маж со остар предмет нападнал полицаец

Кратовец со остар предмет нападнал полицаец. 

Вчера во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода П.Ј. (40) од Кратово, поради сомнение дека со остар предмет нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Според информациите од полицијата, нападот се случил на улицата „Никола Тесла“ во Кратово.

По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.