Инцидент во Кочани: Го нападнал и му ги земал мобилниот телефон и парите

32-годишник од Кочани доби кривична пријава поради тепачка.

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Р.(32) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, информира МВР.

На 15.01.2023 околу 22.10 часот, пред продавница на ул.,,Славчо Стојменов“ во Кочани, Т.Р. му се заканил и физички го нападнал З.Ш., одземајќи му торба со лични предмети, мобилен телефон и пари.