Инцидент во Кисела Вода: Млад скопјанец ја претепал 19-годишната сопруга

Млад скопјанец физички ја претепал сопругата во домот во скопска Кисела Вода. 

- Денеска во 03.40 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Љ.Л.(21) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал својата 19-годишна сопруга, при што постапил спротивно на Решението за привремени мерки за заштита од семејно насилство, информираа од МВР. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.