Инцидент во Карпош: Скопјанец бил нападнат по недоразбирање во сообраќајот

55-годишен скопјанец бил физички нападнат по недоразбирање во сообраќајот. 

- На 01.06.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Г.К.(55) од Скопје пријавил дека околу 19.20 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, соопштија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.