Инцидент во градинка во Гевгелија: 10 месечно бебе со повреди и хематом на глава

Брутално насилство врз 10 месечно бебе во градинка во Гевгелија. Директорката Елизабета Стефановска, поставена од министерката Јована Тренчовска молчи и го крие инцидентот, обвинува Ангелина Петкова, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Петкова појасни на прес-конференција, дека во вторникот, 22.11.2022 година, во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија се случил брутален инцидент, а 10 месечно бебе завршило во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата.

-Директорката на градинката Елизабета Стефановска, која е поставена од Јована Тренчовска се обиде да го прикрие скандалот, наместо да, преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија. Случајот во Полиција го пријавува родителот на бебето ден потоа. Елизабета Стефановска е директор на детската градинка „Цветови“. И за истата да остане директор на градинката како кадар на Социјалдемократскиот сојуз, и покрај големиот број на пропусти во работењето министерката Јована Тренчовска му ги одзема ингеренциите за детските градинки на територија на општина Гевгелија на градоначалникот Андон Сарамандов. Мандатот на Стефановска иако завршен и е продолжен од страна на министерката Тренчовска, вели Петкова од ВМРО-ДПМНЕ. 

-Повредите со какви се стекнало 10 месечното бебе се големи. И реакција и одговорност мора да има. Ова не е прв инцидент откако оваа директорка менаџира со градинките во Гевгелија, сличен инцидент имаше пред две години, а минатата година кога снема огромни количини на нафта во градинката институциите повторно затаија со реакција. Ова е втор инцидент на дете со големи повреди во мандат на истата директорка. Уште што треба да се случи за истата да биде сменета? Затоа повикуваме. Одговорност за инцидентот мора да има. И треба да бидат санкционирани со отказ и да се поднесат соодветни пријави, порача Петкова. 

Таа ја повикува министерката да ја разреши директорката и да поднесе соодветни пријави заради прикривање и не преземање дејствија.