Инцидент во Ѓорче: Двајца прилепчани почнале да се караат од паркингот, па се степале во ходникот од зградата

Недоразбирање околу паркинг простор, резултирал со физичка пресметка меѓу двајца прилепчани во скопски Ѓорче Петров.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (07.09.2025) во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ходник од зграда на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(57) од Скопје и А.П.(34) од Прилеп, со престој во Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.