Инцидент во центарот на Скопје: Среде ноќ испразниле цел банкомат во „Веро Џамбо“

Разбојништво среде ноќ во трговски центар во Скопје. Неофицијално станува збор за „Веро Џамбо“. 

- На 10.07.2026 околу 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар, неколку лица насилно отвориле банкомат, информираа од МВР. 

Според податоците од полицијата, лицата одзеле пари и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.