Инцидент во центарот на Скопје: 18-годишник истепан од неколку лица

Синоќа во Скопје бил истепан 18-годишник од неколку лица.

- На 17.01.2023 во 00.30 часот M.Т.(18) од Скопје, пријавил дека на 16.01.2023 околу 22.05 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неколку лица, информира МВР.

Се работи на расчистување на случајот.