Инцидент во Беверли Хилс: Вработените се судрија со полицијата (видео)

Врисоци, притисок и употреба на сила... вчера трговците и менаџментот од трговскиот центар Беверли Хилс се судрија со полицијата. Едните во одбрана на својот паркинг простор, другите во обид да го срушат и да им го одземат, jaви вчера Сител ТВ.

Kaко што се пожалија тие, со одземањето на паркингот буквално им се загрозува егзистенцијата и функионирањето на нивните продавници во трговскиот кој и онака е полупразен. Дополнително, а жителите ќе се одземе и еден од најевтините паркинзи во Центар, во кој се наплаќаше 10 ден за 1 час.