
Двајца тинејџери нападнати во автобус на ЈСП од група врсници.
- На 17.02.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Кисела Вода во Скопје со уште неколку лица физички ги нападнале Д.Б.(18) и Б.Ј.(18), двајцата од Скопје, информираа од полицијата за инцидентот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.