Млад скопјанец уапсен затоа што агресивно се однесувал кон полицајци на должност.
- Вчера (06.10.2024) во 02.00 часот во Скопје, од угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Т.(23) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.