
Три лица нападнале скопјанец пред угостителски објект во Гази Баба. Едниот од напаѓачите се заканил со огнено оружје.
- На 25.04.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, Б.Т.(29) од Скопје пријави дека на 20.04.2026 околу 19:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Е.Ќ., А.А. и Н.С., при што Н.С. му се заканил и со огнено оружје, информираа од полицијата во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.