Инцидент на улица во Битола: Едно лице завршило со расекотина

Инцидент се случил вчера на улица во Битола. Едно лице завршило со расекотина. 

- Вчера во 15:30 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Леринска“ во Битола настанала физичка пресметка помеѓу И.Ш.(33) и М.А.(35), двајцата од Битола. Според пријавеното, за време на пресметката И.Ш. со остар предмет му нанел расекотина на М.А., информираа од полицијата. 

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.