Инцидент на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Центар

Вчера околу 21:55 часот, за време на одржувањето на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје, приведено е лицето Р.Р. (36), бидејќи испрскал со гасен спреј за заштита во правец на бината.

Напаѓачот со спреј солзавец ги испрскал луѓето кои биле околу бината каде се одржувал митингот.

Сомневањата се дека тоа лице било наведено да предизвика инцидент, а се претпоставува дека наведуваччите ја искористиле неговата ментална состојба.

Обезбедувањето го совладало лицето и истото било предадено на полицијата на понатамошно постапување.

Очевидци тврдат дека лицето имало прецизна задача и дејствувало инструирано во предизвикување на инцидент.