Инцидент на „Џон Кенеди“

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 17:30 часот било пријавено дека на улицата „Џон Кенеди“ настанало недоразбирање во сообраќај помеѓу Б.А.(37) од село Блаце, кој управувал патничко моторно возило „Сеат Алтеа“ со скопски регистерски таблици, и мотоциклист кој бил заедно со уште четири лица. Тие физички го нападнале Б.А., потоа му искршиле едно странично стакло од возилото, а пријавителот го стартувал возилото и успеал да избега. Подоцна нападнатиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се работи на целосно расчистување на случајот.