Инцидент на Бит Пазар: Пиштол вперен кон едно лице

Инцидент во кој бил вперен пиштол кон едно лице се случил вчеравечер на Бит Пазар. Напаѓачите користеле и тврди предмети. 

- На 04.10.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, С.К.(38) од Скопје пријави дека на 03.10.2026 околу 19:30 часот пред неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар дошол М.Р. заедно со уште три лица, по што М.Р. и едно од лицата го нападнале физички и со тврди предмети, додека двајца од нив впериле пиштол кон него и неговиот син, соопштија од полицијата за случајот. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.