Инцидент на Бит Пазар: Арачиновец пукал со сигнален пиштол

Инцидент на Бит Пазар во Скопје. 

- На 07.12.2024 во 17.55 часот во СВР Скопје И.И.(32) од с. Арачиново, скопско, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, додека се движел со патничко возило, бил сопрен од две лица кои се обиделе да го извлечат надвор од возилото и да го нападнат. Тогаш пријавителот извадил сигнален пиштол и испукал два пати во воздух, по што лицата го напуштиле местото на настанот, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Нема повредени лица. Известен бил jавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.