Инцидент на бензинска пумпа во Гази Баба: Се степаа малолетник и повозрасен скопјанец

Малолетник и повозрасен скопјанец се степале на бензинска пумпа во Гази Баба. 

- На 11.03.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.М.(53) од село Миладиновци, скопско и 16-годишник од Скопје, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.