Инцидент кај Мавровка: Го удрил вработениот со тупаници и метален предмет бидејќи му побарал да плати за паркинг

Вчера во 14.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.Р. (27) од Скопје пријавил дека на 06.05.2018, околу 23.00 часот, на паркинг простор кај Трговскиот центар „Мавровка“, на бул. „Гоце Делчев“ бил физички нападнат од лицето Ф.А., кој бил со возило.

Тој го удирал со тупаници во пределот на лицето и со метален предмет во задниот дел од главата, при што му нанел повреди. Причина за физичкиот напад било тоа што пријавителот, кој бил вработен на паркингот, му рекол дека треба да плати. Тогаш Ф.А. излегол од возилото и го нападнал.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.