Ина Суслина: Ја завршувам кариерата, следно е бебе (видео)

Најискусната во редовите на Вардар, и ракометарката која беше меѓу првите при формирањето на ЖРК Вардар е секако Ина Суслина.

Нејзиното искуство годините наназад беше злато вредно за екипата на Вардар кон секој пласман на Ф4 турнирите и во финалињата. Суслина по завршувањето на оваа сезона дефинитивно става крај на својата блескава кариера, а во периодот кој следува ќе се посвети на проширување на семејството, пренесува 24ракомет.

Суслина повеќе жали за сите оние луѓе во и околу Вардар кои изминативе пет години дадоа се од себе за клубот и се заслужија да ја завршат оваа мисија со златниот медал и големиот пехар во своите раце.