
Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина денеска сподели идеја која ја адресираше до жените кои што се активни во политичките партии, за заеднички да направат нешто за останатите жени во државата.
Во нејзината објава таа вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја имаат Унијата на жени, Левица ја има АФЖ, СДСМ, ЛДП, ДУИ, вели дека исто така имаат активни Форуми за жени и ги оцени како „организации со моќ“ да направат нешто за жените.
Ина посочи дека би можеле да „седнат на кафе“ и да речат "ајде да направиме нешто за женското здравје", особено од аспект на бесплатните гинеколшки прегледи, бесплатен ПАП, како и бесплатно мамо и ехо за секоја жена еднаш годишно итн.
„ВМРО ја има Унијата на жени, сега нешто се модернизираат што е за поздрав, Левица има сериозно АФЖ, СДСМ, ЛДП, ДУИ имаат активни Форуми за жени, извинете ако некого забораив или утнав некое име. Тоа што би било убаво сега е по женска линија овие организации со моќ да седнат на кафе и да речат "ајде да направиме нешто за женското здравје" и да се посветат на тоа што на гинеколог плаќаме иако треба да е бесплатно, да средат со фонд, да вратат ПАП еднаш годишно бесплатен, да напраат бесплатно мамо и ехо за секоја жена еднаш годишно, субвенции или нешо така, и да не израдуваат дека навремените детекции ќе и бидат достапни на секоја жена. Жени за жени!“, гласи Фејсбук статусот на Ина Многуфина.