Ина Многуфина за случајот „Тот“: Три различни приказни во првите 24 часа

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, се јави на социјалните мрежи, со статус за случајот „Тот“ во кој младото момче - ракометар го загуби животот. Очигледно, надлежните „ги измешаа лончињата“ и се создаде неконзистентност и нелогичност при информирањето за овој случај. 

Ина Многуфина има реален статус на темава: 

-Додека се препукуваат партиите првоосомничениот дали едниве го криеле или бил од другата екипа, истрагата според Сител се сели на Клинички. Од Карил осудувале јавноста што пишувала. Ние од јавноста се извинуваме ама стварно ни е нејасно како може некој кој бил маван со клоци и боксови да нема видливи траги. Може не ни е јасно ништо дека имаше три различни приказни во првите 24 часа. Може едноставно јавноста нема доверба во институциите и нивните изјави па се сомнева во све. Може јавноста знае дека некогаш објаснувањата се малку чудни па е спремна на изјави од типот штекер запали модуларна никому ништо никој не е крив. Не може јавноста да се окриви што има прашања, јавноста плаќа данок за некој да ги одговори тие прашања и да ја врати довербата во институциите. Ако не е веќе касно за тоа, не знам, напиша таа.