
Бурни реакции во јавноста за скандалот со директорот на скопската клиника за неврологија - Игор Кузмановски. Поради видеото со „шмркање бело“, тој беше разрешен од функцијата, а и јавно се извини за видеото.
Со став во свој стил се огласи и познатата инфлуенсерка и гласноговорничка на секоја општествено значајна тема. Еве што порача:
- Сега после вчерашниот скандал можеме да сфатиме дека докторов е сосема ок да продолжи да лечи пациенти ама не смее да е директор. Значи поголема штета ќе напраи ко директор, не знам, може ќе пише три дежурства, но, народ може да лечи. Народ ко народ, тоа е, неаме доктори. Озбилно? Лиценца треба да му се земе на човеков, со вакво хоби ни маче не треба да прегледа. Ич да не навлагам во тоа дека некој треба да провери дали е корисник или зависник, големата работа го смениле од директор, јаката позиција. Директор у клиника не стана само уште женана гаќи што продава на кутија пред Токсикологија, овој лечи луѓе, тоа е нештото на што треба да се концентрираме, дали е работоспособен? Тоа треба да ни каже некој, а не се извинил. Што ако се извинил, демек се е ок сеа? Па не е.