Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина со фејсбук статус „им ги затна устите“ на оние со не толку убави коментари за 61-годишната родилка на ГАК, која за прв пат стана мајка.
Имено, скопјанка со децении се борела со стерилитет, а сега успешно се породи со својата прва рожба, синчето Петар.
- По 37 години брак, 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, жена со неизмерна желба да стане мајка роди здраво детенце и го крсти Петар. И не знам сега од кај да почнам со браво, од нејзината истрајност, од храброста, од поддршката на сопругот, од екипата што ја водела бременоста во Македонија... Све е за браво! - сподели Ина Многуфина.
- Освен џганот кој е комплетно дегутантен и остава одвратни пораки под веста за среќата на овие луѓе. Ги отварав еден по еден, добар дел од нив не живеат во Македонија, значи не ни се излеале само мозоците од земјава. Да не се радуваш на туѓа среќа, посебно ваква, не знам што човек треба да си, за греота. А Петар да е здрав и жив и да ги радува родителите уште многу години, напиша таа во свој стил.