Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина со ироничен став за актуелниот проблем во Скопје - неискосената трева и појавата на змии во главниот град.
- Сакавте зелено Скопје, еве ви трева повисока од првачиња и пак не ви чини. Ништо не ви чини, само нешо мрчите. Змии шетале, па шо да праат, такси да викнат? Ништо не може да ви се угоди, порача на таа на својот фејсбук профил.
Скопјани веќе подолго време реагираат. Жителите на неколку скопски населби деновиве со загриженост пријавуваат појава на змии во нивните дворови и на јавни површини. Не ретко жителите се жалат и на стаорци околу зградите, па дури и на улиците и тротоарите.